Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска беше домаќин на едукативен медицински семинар, на кој се дискутираше за теми поврзани со кардиологијата и општата медицина.

Свои предавања пред студентите од Медицинскиот факултет, кој е и најголем по бројот на студентите на УГД-Штип, имаа лекарите од САД Ден Собек и Тим Гол.

- Тука сум да презентирам наслов од интервентна кардиологија, доагам веќе четврти пат и овој проект овозможува размена на лекари кои доагаат и ги обучуваат студентите на практични знаења, рече Собек.

Доктор Гол дополни дека веќе трета година по ред држат вакви семинари и пред студентите презентирале и десет работи, кои секој матичен лекар треба да ги знае.

Студентите од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ се задоволни што нивните професори им овзоможуваат вакви едукативни семинари на кои можат да ги слушнат најновите достигнувања во нивната идна професија.