24 часа пред крајот на кампањата за првиот круг од Претседателските избори, кандидатот за претседател поддржан од БЕСА и Алијансата за Албанците, професорот Блерим Река ќе оддржи централен митинг во Тетово.

Тој на Тетовчани ќе им ја претстави својата изборна кампања во која се залага за Република над сите со правото над сите.

Во текот на кампањата професорот Река, помина многу градови низ Македонија и се сретна со повеќе илјади граѓани. Последниот митинг е денеска во Тетово со почеток од 20:00 откако претходно во кампатањата беше во Кичево, Гостивар, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Теарце, Врапчиште, Охрид....

Во фокусот на Река на изминатите митинзи беа неколку точки – масовното иселување на младите од државата, евроинтеграциите на државата кои смета дека нема да започнат во политизирана држава, владеење на правото кое смета дека не постои, непотизмот кој се шири во круговите на функционерите, селективна правда, како и мултиетничноста на државата.

*Платено политичко рекламирање