Граѓаните на Велес со повикување на екипи на ЈКП„Дервен“ и овој април имаат убава можност да се ослободат од габарите отпад. Акцијата, што е бесплатна за сите граѓани, почна на 1 април и ќе трае до 1 мај.

Во габаритен отпад спаѓа: Мебел- делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елемент; Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шољи, славини за вода, огледала; Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи; Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

- Габаритниот отпад не го изнесувајте на јавни површини и не го оставајте до контејнерите за отпад. Ве молиме да придонесете за заштитата на урбаната средина и доколку сакате да се ослободите од габаритен отпад да се обратите до нас, повикуваат од ЈКП „Дервен“.

Заинтересираните граѓани за секакви информации може да се обратат во ЈКП „Дервен“ секој ден од 7 до 15 часот на телефонот број 043/ 233-768.

Инаку, акцијата се организира по деветти пат и секоја пролет во просек се собира по 50 метри кубни секаков вид на габаритен отпад.