Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвува за престојните избори во недела. Претседателот на ОИК Куманово, Звонимир Николовски, денеска информираше дека очекуваат во текот на денот да приститгне доверливиот изборен материјал.

– Кутиите и недоверливиот гласачки материјал веќе се пристигнати, очекуваме да пристигне доверливот материјал од Државната изборна комисија, изјави Николовски.

Во Куманово има 167 избирачки места. Во сабота ќе гласат 104 болни и немоќни лица, а ќе гласаат и осудените лица од затворот Кшање.