Кандидатот за претседател професорот Блерим Река во Тетово го оддржа својот централен митинг пред гласањето во недела.
Тој пред присутните симпатизери и поддржувачи истакна дека во недела очекува масовна поддршка од сите граѓани на Македонија. Додаде и дека тоа ќе биде најдобриот одговор за оние кои во кампањата се занимаваа со починатите од неговата фамилија, алудирајќи на централниот митинг на ДУИ кој се оддржа на плоштадот „Скендербег“
- Ова ваше бројно присуство е најубедлив одговор кон тие што овие денови со говор на омраза најавуваа погреби и се бавеа со починатите од мојата фамилија. Но, вечерва нема да се занимавам со нив, затоа што гласачите ќе им одговорат најдобро во недела, истакна Река.
*Платено политичко рекламирање