Силјановска Давкова со граѓаните сподели вест каде што рече дека добила поддршка од претседателот на Европската Народна партија што според нејзе тоа претставува силен ветер во грб.

Она што сакам денеска да го спомена е поддршката однадвор која што многу ни значи, како што знаете Претседателот на Европската Народна партија господинот Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори и господинот Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозициска едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 и на 5 мај, вели таа.

Силјановска Давкова додаде дека со владата на СДСМ и Заев граѓаните живеат се посиромашно.

Шокантен е податокот дека 40 проценти од граѓаните во Македонија се борат или се на ивицата на борбата со сиромаштијата. Ако сте сиромашни, ако сте гладни, ако сте осамени ако сте напуштени тешко дека може да ги уживате другите права. Но, јас не сум сигурна дека власта е сигурна за оваа страшна закана по нејзиниот народот, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова кажа дека никој не сака да ги слушне проблемите на граѓаните, истакнувајќи дека доколку таа победи на претседателските избори ќе биде првата амбасадорка на сиромашните откажувајќи се од средствата само за нив.

Јас се обврзам дека доколку станам претседателка на Република Македонија ќе бидам првата амбасадорка на сиромашните. Дека ќе се откажам од делот средствата за нив, дека ќе живеам во контакт со нив дека не може јас да се чувствувам добро ако половина од граѓаните се чувствуваат лошо, изјави Силјановска.

Таа додаде дека она што го ветила пред граѓаните тоа и ќе го исполнела а не како сегашните политичари на СДСМ кои не знаат што точно ветуваат и кога се негираат дека ветиле нешто.

Ние тоа што го кажуваме го помниме во срце го носиме и го докажуваме. Тие го забораваат, тие постојано го негираат па не знаат што ветиле што сториле а што негирале, тоа е нивниот кошмар, ние сме нивниот кошмар, додаде Силјановска.