- Јас како градоначалник ќе дадам целосна поддршка на инвеститорите кои би дошле во градот Охрид. Токму тие ќе донесат поголем приход во општината и затоа сметам дека треба целосно да бидеме насочени кон привлекување на инвеститорите без разлика дали се домашни или странски, истакна кандидатот за Градоначалник на општина Охрид, Стевче Стевоски во телевизиската дебата на кадидатите за градоначалник на Охрид.

Стевоски додаде и дека треба да им се овозможат сите услови и логистика кои општината треба да им ја даде на инвеститори.

- На располагање на инвеститорите, пред се на оние кои сакаат да инвестираат во туризмот, ќе им биде општинската администрација на градот Охрид. Тие ќе им ја даваат сета стручна помош и во насока на побрзо реализирање на инвестициите, истакна Стевоски.

*Платено политичко рекламирање