На последниот митинг на кандидатот за претседател на Македонија, професорот Блерим Река кој се оддржа во Тетово, Лидерот на Алијансата за Албанците кои го поддржуваат Река, Зијадин Села и вечерва ги повика Албанците масовно да излезат во недела и својот глас да го дадат за единствениот албански кандидат, професорот Блерим Река.

– Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноправност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат, рече Села.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.

*Платено политичко рекламирање