Кандидатот за претседател, професорот Блерим Река пред Тетовчани го оддржа последниот митинг во неговата предизборна кампања и ја претстави својата програма. Заедно со него, на митингот присуствуваа и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села како и лидерот на Движењето БЕСА Билал Касами.
Касами во својот говор порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитимира власта.
– Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река, истакна Касами.
*Платено политичко рекламирање