Кандидатот за претседател професорот Блерим Река во Тетово го оддржа својот централен митинг пред гласањето во недела.
Тој пред присутните симпатизери и поддржувачи истакна дека во недела очекува масовна поддршка од сите граѓани на Македонија. Додаде и дека дојдено е времето Албанците да покажат дека не се само статистичка бројка и гласачи туку се и гласани.
Вечерва, ја пишуваме новата историја, за една Републикатa за сите, со законот над сите. За Републиката, каде владее правото, а не поединецот, република против заробената, приватната и празната држава, против корупцијата, непотизмот и селективната правда. Посебно против трговијата со гласови. Вашите гласови се свети, и тие ниту се продаваат ниту се подаруваат. Затоа излезете масовно да гласате, без разлика на која партија и припаѓате. Докажете дека Вие не сте само гласачи, туку и гласани. Вашиот глас ќе ја направи Северна Македонија, мултиетничка и Евроатлантска Република, порача Река пред Тетовчани.
*Платено политичко рекламирање