За новинарот Џелал Незири е сосема нормално и логично ако нема цензус , претседателот да се бира во Собрание. Тој вечерва во емисијата „Отворено на Алфа“ нагласи оти огромниот легитимитет што го добива од граѓаните не соодветствува со неговите ингеренции, па затоа не гледа ништо спорно да биде избран во Собрание.
- Приказната за натпартиските кандидати беше за да ги поддржат неопределените. Но редно е да се признае дека сите тројца кандидати ги поддржуваат платформите на партиите што ги поддржуваат. Дали успеале да ги убедат неопределените? Кампањата не допре до сите граѓани, вклучително неопределените кои се претежно млади. Одзивот на гласањето ќе покаже колку партиите имаат кредибилитет да ги натераат партиските штабови и структури, пак, тие да ги мотивираат гласачите, вели Незири.
Тој смета дека за прв пат сега во кампањата гледаме трка на концепти, а дали актуелниот последниве две години ќе го поддржат граѓаните или не ќе се знае на 21 април.