Дали кандидатите и кога ќе се одлепат од партиите што ги поддржуваат, прашува новинарот Љубиша Николовски во вечерашната емисија „Отворено на Алфа“.
-Како овие натпартиски кандидати ќе се одлепат од партиите, и во кој момент ќе се одвојат? На пример, Сиљановска вели минатата власт била апсолутистичка: од иста партија претседател и премиер... А од друга страна, вели за да се симне сегашната влада треба да се гласа за партијата што неа ја поддржува, на следните избори. Па тогаш, ако таа победи и потоа на парламентарни и Мицкоски, не е ли тоа апсолутистичка власт? Дали таа во таков момент би се одлепила од ВМРО ДПМНЕ?, нагласува Николовски.