Идниот претседател треба да е личност што ќе го чува, почитува и ќе постапува според Уставот и законите, вели новинарот Дарко Јаневски во вечерашното издание на „Отворено на Алфа“. Според него до сега повеќе пати сведочевме на грубо кршење и игнорирање на Уставот.
-Оваа држава има Устав и закони, и и треба шеф на државата кој ќе се заложи на свој начин да не ни се случуваат пучеви во Собрание, да не се вадат луѓе од затвор за да гласаат. И Европа да не ракоплеска кога тоа се случува. Не може да се оди надвор од Уставот, до сега се правеше тоа, затоа на Македонија и треба шеф на државата кој ќе го чува Уставот, смета Јаневски.
Тој смета дека цензусот нема да биде проблем, а дури и да биде, невозможно е да се менува сега Устав само за да се одбере претседател во Собрание. Затоа, според Јаневски, останува фактот дека ако овие пропаднат треба веднаш да се распишат нови избори.