Кандидатот за градоначалник на општина Охрид поддржан од партијата Демократи, Стевче Стевоски во дебатното соочување со неговите противкандидати истакна дека и покрај сите ветувања кои ги дале партиите пред се во екот на изборните кампањи, во Охрид сеуште има неасфалтирани улици.

- Ние имаме населби во градот, како што е онаа позади болниците каде што ништо не е асфалтирано. Нема ниту асфалт ниту улично осветлување што во денешно време со напредокот на технологијата, барем уличното осветлување не е скапа работа, истакна Стевоски

*Платено политичко рекламирање