Здружението „Инклузива” од Куманово ќе ги мониторира претседателските избори со 44 набљудувачи, од кои 40 се лица со попреченост, информираа денеска од оваа здружение. Набљудувачите се од различни градови од државата и ќе го следат процесот на околу 400-тини избирачки места.
-„Инклузива” лани потпиша Меморандум за соработка со ДИК, одржа обука за обучувачи и девет регионални обуки за општински изборни комисии. Сега, пред овие избори здружението реализираше обука за обучувачи, обука за избирачки одбори, за набљудувачи, за слепи лица, при што во обуките што ги спроведе ДИК беа вклучени претставници од „Инклузива”, изјави Благица Димитровска од „Инклузива”.
Две лица од ова здружение станале и сертифицирани обучувачи на Државната изборна комисија.
-Лицата со попреченост кои ќе гласаат на овие избори ќе можат самостојно да го оставарат своето право, на гласачките места, каде што гласаат сите граѓани, бидејќи овие лица според Конвенцијата на правата на лица со попреченост имаат еднакво право како и сите граѓани, но поради различни ограничувања, ова право не се практикува, додава Димитриевска.
„Инклузива” и ДИК со меѓусебната сорбаотка креирале алатки и ресурси за поддршка на лицата со попреченост на гласачкото место, како што е шаблонот за гласање на слепи лица, граничник за потпишување и сликовити прикази за процесот на гласање, што освен лица со попреченост можат да го користат сите гласачи.
-На претходните, локални избори и на реферндумот, избирчаките одбори не ги користеа овие ресури, но сега се надевам дека состојбата ќе се промени, додава Димитриевска.
Согласно меморандумот, појаснува Димитровска, седниците на ДИК се толкуваат на знаковен јазик, соработката е проширена и е најавено дека физичката пристапност ќе биде подобрена со набавка на гасеничари за лица во колички за некои непристапни места и околу 70 монтажни пристапни рампи.