Кандидатот за претседател на Македонија, професорот Блерим Река во интервју за вториот сервис на Македонската телевизија пред граѓаните го претстави својот концепт и побара масовно да гласаат за него во недела.

Тој ги истакна четирите критични точки, како што се: деполитизација на судството, департизирана и професионална јавна администрација, реформи во секторот на разузнавање и контраразузнавање и корупцијата, кои и Европската Унија и ги спромнала на Северна Македонија во јуни лани.

Река рече дека ако биде избран за претседател на државата, ќе покрене кривични процедури за сите граѓани без разлика на етничката припадност кои биле вклучени во некаква форма во корупција и тендерски скандали.

Прашан како ќе ја подобри застапеноста на Албанците и другите етникуми во претсетаделската канцеларија, рече дека ако си претседател на сите и да имаш 97-98 отсто вработени од една национална припадност, не е само репрезентативно, туку не рефлектира ниту единство на нацијата.

*Платено политичко рекламирање