Во Штип право на глас на 77 избирачки места имаат 39.708 гласачи, а на посебниот список, односно оние кои се ислелиле се 2.014 гласачи или вкупниот број на гласачи е 41.722. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева информира дека како изборна комисија се подготвени за спроведување на Претседателските избори 2019 година на територијата на Општина Штип.

-Утре гласаат вкупно 60 болни и изнемоштени лица, а во Затвор-Штип 198 осуденици. Гласачкото место ќе се отвори во 7, а ќе се затвори во 19 часот, вели Андреева.

Таа додава дека пристигнат е доверливиот и недоверлив материјал, со што веќе од утре избирачките места ќе можат да ги подготват избирачките места за 21 април. Во спроведувањето на Претседателските избори учествуваат вкупно 770 членови на избирачките одбори. За разлика од ланскиот референдум бројот на гласачи во Општина Штип е намален за 72-ца избирачи.