На последната телевизиска дебата на Телевизија 21, профоесорт и кандидат за претседател Блерим Река рече дека кампањата на Силјановска и на Пендаровски била фер кон него, и оти ги цени неговите противкандидати и нема забелешки за нивните кампањи. Тој, меѓутоа, ги обвини ДУИ и ДПА за водење хибридна војна против него и неговото семејство.

– Јас мислам дека двајцата имаат многу позитивни работи. Јас ги ценам. Како што рековме и првиот ден не ја сметам оваа кампања како трка на живот или смрт, туку како презентација на три концепти. Кампањите на двајцата противкандидати беа многу фер и немам никаква забелешка. Имам забелешки за валкана војна и хибридна војна што се води против мене, а во последната недела и со говор на омраза против мене и моето семејство. Тоа се двете албански партии ДУИ и ДПА, кои отворија специјална војна против мене. Се надевам ОБСЕ/ОДИХР тоа го нотираа, а ние поднесовме и претставка, рече Река.