На телевизиската дебата на која се соочија тројцата кандидати за Претседател на Македонија, непосредно пред изборите во недела, Професорот Блерим Река истакна дека кога ќе стане претседател сигурно нема да се стави над двотретинското мнозинство во Парламентот.
– Не можам да го импонирам моето приватно мислење како претседателско мислење. Кога пратениците изгласале еден закон не можеме лесно да го вратиме. Со вакви компетенции не му личи на еден претседател да блокира една држава. Претседателот на Собранието ја изврши својата законска процедура, треба да се прецизира овој член на Уставот и да не дојдеме до ситуации на парализа на системот, додаде Река.
Река истакна дека е противзаконско и противуставно претседателот да помилува, и оти не знае дека Министерството за правда има поднесено иницијатива. Тој додаде дека поради тоа ова прашање го смета за безпредметно да се коментира.
– Конечно треба да го тргнеме своевоелието на преседателот кој мисли дека државата е негова, затоа се залагам за република, а не за култ на личноста која ја имавме пред 40 години, оцени Река.
*Платено политичко рекламирање