Во општините Дебар и Центар Жупа сите 43 избрачки места се отворени навреме, а гласањето почна и се одвива непречено.

– Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во Општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места, а право на глас имаат 18.625 граѓани или 219 повеќе споредено со локалните избори во 2017 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 30 болни и изнемоштени лица, изјави Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

Во Дебар освен за претседател на државата се гласа и за нов градоначалник.

– Во општина Центар Жупа гласачките кутии се отворени точно во 7 часот. Се гласа на 16 избрачки места. На овие, споредено со претходните локални избори во единствениот избрачки список има 6.951 или 151 лице со право на глас повеќе споредено со локалните избори пред две години. Вчера правото на глас го искористи едно болно лице, изјави Еран Зубер претседател на Општинската изборна комисија за оваа општина.

Во двете општини излезеноста е мала, што е воообичаено за утринските часови.