Точно навреме во 7 часот се отворени сите 142 избирачки места во Прилеп. Своето право на глас во општината денеска може да го остварат 63.989 избирачи.
Непречено и навремено почна гласањето и во Крушево, Долнени и во општината Kривогаштани. Во Крушево денеска во првиот круг на претседателските избори се запишани 7.983 избирачи кои гласаат на 23 избирачки места, во Долнени 11.502 избирачи гласаат на 40 изборни места, а во Кривогаштани денеска се гласа на 13 избирачки места. Таму се запишани 4.678 жители со право на глас.
Граѓаните своето избирачко право го остваруваат непречено и очекуваат фер и демократски избори и да победи, како што велат, гласот на народот.