На 50-те избирачки места во општина Ресен гласањето почна навреме, во 7 часот утрово.

Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански информира дека гласањето тече нормално без никакви проблеми.

-Сите избирачки места во Преспа навреме се отворени без никакви проблеми. Изборниот процес засега се одвива непречено, изјави Тански.

Во избирачкиот список во општина Ресен регистрирани се 16.649 гласачи, кои денеска ќе гласаат за еден од тројцата претседателски кандидати на седмите избори. Правото на глас вчера го остварија 43 стари, болни и изнемоштени лица на 26 избирачки места.