Гласањето за претседател на државата во општините Крива Паланка и Ранковце започна навреме и се одвива непречено, информираат од општинските изборни комисии во двете општини.
– Во сите 47 избирачки места гласањето започна точно во седум часот утрово, избирачките одбори ги превземаа материјалите и се е во најдобар ред. Наши членови веќе прават и теренска обиколка. Во општината во текот на вчерашниот ден се реализираше гласањето на изнемоштени и болни лица, право на глас имаа 180 изнемоштени лица, а гласаат и лицата кои се на отслужување казна затвор во Казнено поправната установа во Крива Паланка, изјави претседателот на ОИК Крива Паланка, Душко Арсовски.
И во Ранковце гласањето започна навреме.
– Сите 13 избирачки места се отворени точно во седум часот, гласањето се одвива непречено,а во текот на вчерашниот ден избирачкото право го остварија вкупно триесет и седум жители на општината, изјави Даниел Крстевски, претседател на ОИК, Ранковце.
Право на глас во општина Ранковце имаат вкупно 3074 граѓани запишани во избирачкиот список, додека во Крива Паланка право на глас имаат 17.068 граѓани.