Гласањето на сите 115 избирачки места во општина Кичево во првиот круг од претседателските избори почна навреме.

Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сефери информираше дека досега гласањето се одвива тековно и без проблеми на сите избирачки места на целата територија на општина Кичево, каде што право на глас имаат вкупно 50 296 гласачи.