Три часа по отворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста за претседателските избори е под 10 отсто. Според податоците од Општинската изборна комисија, во Кочани до 10 часот гласале 3.022, односно 9,2 отсто граѓани. Инаку, запишани се 32.856 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места.
Во општина Виница од запишаните 17.136, до 10 часот гласале 8,7 отсто, во Чешиново-Облешево има 5.472 гласачи, а излезноста е седум отсто, додека во Зрновци на гласачкиот список се запишани 2.549 граѓани, а гласале 4,7 отсто.
Од општинските изборни комисии во четирите општини потврдија дека сите избирачки места биле отворени навреме и досега гласањето се одвива без проблеми.