До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Ново Село со 21 отсто и за претседателските и за предвремените избори за градоначалник од вкупно запишани 11.301, односно 11.364 гласачи.

Во Струмица до 13 часот гласале 20 отсто од запишаните вкупно 49.162 избирачи, а во Конче 18,5 проценти од запишаните 2.744 избирачи.

Најмала излезност има во општина Босилово каде излегле само 11 отсто од запишаните 12.163 гласачи.

Во Радовиш излегле 14 проценти од 24.201 гласачи до 13 часот, а во Василево 13 проценти од 10.036 запишани избирачи.

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден поминува мирно и без проблеми.

Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 109.670 граѓани со право на глас, кои гласаат на вкупно 192 избирачки места.