Во општина Струга излезноста за претседателските избори до 13 часот е 12 отсто, во Ресен речиси 19, а во Вевчани 30 проценти, информираат претседатлите на општинските изборни комисии.
Првиот човек на ОИК Струга Бледар Зиба соопшти дека од регистрирани 60.459 гласачи своето право го искористиле 7.206.
Во Преспанскиот регион до 13 часот, како што изјави претседателот на ОИК Кирил Тански, гласале 3.121 лица или 18,7 проценти од вкупно 16.649 регистрирани гласачи во избирачкиот список.
Најголема излезност има во Општина Вечани каде од регистрирани 2.048 гласачи 605 го оствариле своето право на глас што е 29,9 отсто, појасни претседателката на ОИК Параскева Кукоска.
Претседателите на општинските изборни комисии поголема излезност очекуваат во попладневните часови, нагласувајќи дека изборниот процес тече мирно.