Во Општина Кичево излезноста се движи во рамките на просекот од претходните изборни што се одвивале на територијата на општината.

– Во нашата општина до 1500 часот своето право на глас го оствариле 11.117 избирачи или 22.1 процент. Изборниот процес до овој момент се одвива мирно, рече Антигона Сефери, претседателка на ОИК – Кичево.

Во Општина Кичево право на глас имаат вкупно 50.296 гласачи на 115 избирачки места.