Од вкупно 45.933 гласачи во Општина Велес на 84 избирачки места до 15:00 часот на гласање излегле 14.747 или 31,2 проценти.
Како што информира за МИА, Лили Велковска претседателка на ОИК, гласањето на сите избирачки места се одвива во фер и демократска атмосфера, а освен од ОИК го следат и набљудувачи од МОСТ, кои од утрово се на избирачките места во општината.