Според Општинската изборна комисија во општина Дебар до 15 часот правото на глас на првиот круг од Претседателските избори го искористиле 30 отсто од вкупниот број гласачи.
- До 15 часот гласаа 5.312 лица. Гласањето се одвива во најдобар ред и се надевам дека така ќе биде до крајот на гласањето, односно до 19 часот кога треба да бидат затворени избрачките места, изјави Елмира Бакали, Претседателка на ОИК на Дебар.
Според неа, во избирачкиот список за претседател на државата запишани се 18.602 гласачи, додека за градоначалник 18.551 лице со право на глас.
Денешнот изборен процес без проблеми минува и во општина Центар Жупа, каде се гласа на 16 избирачки места.
Според претседателот на ОИК, Еран Зубер до 15 часот правото на глас го искористиле 679 или околу 10 отсто од вкупно запишаните 6.951 гласач.