За 10 отсто е зголемена излезноста на гласачите во општина Гевгелија во првиот круг од претседателските избори до 15 часот. На избирачките места во градот и населените места своето право на глас го искористиле 7.545 граѓани или 39,21 отсто, соопштија од ОИК Гевгелија.

Од прилика толку е зголемена излезноста и во општина Валандово каде до 15 часот гласале 3.234 лица или 32,5 отсто. На 12 избирачки места во Богданци правото на глас до 15 часот го оствариле 2.196 граѓани што претставува излезност од 32,46 отсто, додека во општина Дојран 972 лица гласале за достигнување на излезност од 35,8 отсто.

Во сите четири општини гласањето од првиот круг на претседателските избори во Република Македонија се одвива во фер и демократска атмосфера без регистрирани неправилности.