Во Делчево до 15 часот гласале 5530 граѓани во првиот круг на Претседателските избори, или 37,2 процента од вкупно евидентираните 14.673 лица со право на глас, покажуваат информациите од Општинската изборна комисија (ОИК).
Гласањето, како што соопшти Владимир Перовски претседател на ОИК во Делчево, се одвива во мирна и демократска атмосфера.
Во соседната општина Македонска Каменица до 15 часот своето право на глас го искористиле 36,8 проценти од евидентираните гласачи.
– Гласањето тече без никакви проблеми, а до 15 часот гласале 2438 гласачи од вкупно евидентираните 6619, што во проценти изнесува 36,8 проценти, истакна Митревска.
Вкупно во двете општини од 21.292 евидентирани лица со право на глас, своето избирачко право го оствариле 7968 граѓани.