Излезноста во Струга до 15 часот е речиси 20 отсто, во Вевчани 40, а во Ресен скоро 27 проценти.
Според претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Бледар Зиба, од регистрирани 60.459 гласачи на 101 избирачко место своето гласачко право го искористиле 11.657 лица или 19,31 отсто.
Во Преспанскиот регион на 50 избирачки места своето гласачко право до 15 часот го оствариле 4.392 лица или 26,8 отсто од регистрираните 16.649 гласачи, информира претседателот на ОИК Кирил Тански.
До 15 часот во трите избирачки места во Вевчани, како што извести претседателката на ОИК Параскева Кукоска, гласале 815 лица или 39,5 проценти од регистрираните 2.048 гласачи.
Претседателите на ОИК во трите општини потврдија дека изборниот процес се одвива непречено, без регистрирани нерегуларности.