Според податоците на Државната изборна комисија, до 15:00 часот, излезноста во Куманово е 23,54 проценти, во Липково, 9,75 а во Старо Нагоричане, 28,18 проценти.
Гласањето во овие три општини, информираа од општинските изборни комисии се одвива тековно.
– Во Куманово денеска можат да гласаат 86.009 лица на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.
Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари, наведе дека во Липково право на глас имаат 25.363 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.
– Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.329 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.