На два часа пред затворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста се движи околу 40 отсто.
Од Општинската изборна комисија во Кочани информираа дека до 17 часот гласале 12.757, односно 38,8 отсто граѓани. Во општина Виница до истиот период својот глас го дале 6.598 или 38,5 отсто гласачи, а во Чешиново-Облешево 979, односно 38,4 отсто. Единствено во Чешиново-Облешево излезноста е над просекот во микрорегионот и своето избирачко право го оствариле 2.491 или 45,5 отсто од граѓаните.
Во текот на десетте часа од изборниот процес, општинските изборни комисии во четирите општини од регионот не регистрирале поголеми проблеми.