Од вкупно 45.933 гласачи во Општина Велес на 84 избирачки места до 17 часот на гласање излегле 17.211 или 37,47 проценти.
Како што информира за МИА, Лили Велковска претседател на ОИК, гласањето на сите избирачки места се одвива во фер и демократска атмосфера. Посочи дека гласањето го следат набљудувачи од „МОСТ“, а ги посетиле и од ОБСЕ.