Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова денеска гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“.

– Ова се посебни избори. Не зошто јас сум кандидатка и не зошто првпат жена има шанса да биде претседател на Македонија, туку заради условот. Ние треба да го докажеме европскиот, реформски, демократски капацитет и со фер и демократски избори, тоа не е многу вообичаено во 21-от век, ама се надевам дека ќе излеземе конечно од транзицискиот лавиринт и дека ќе влеземе во демократската транзиција, изјави по гласањето Силјановска-Давкова.

Таа додаде дека се обидела кампањата да ја обои женски, со знаење, со посветеност, со аргументи, да докаже дека жените имаат посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите.

– Мислам дека беше успешна. Очекувам да влезам во вториот круг. Доколку се случи да не влезам ќе гласам за Река заради стручноста, компетентноста и граѓанската ориентација- рече Силјановска-Давкова, додавајќи дека очекува да победи на изборите и да биде прва жена претседател на државата.