Историски најслаб одзив на гласачите на денешните Претседателски избори. Според официјалните податоци на ДИК, излезноста до 18:30 часот е 39,83%.

Ако се видат податоците по општини, може да се изведе заклучок дека општините во кои има доминантно албанско население на овие избори бележат ниска излезност.

Во Арачиново до 18:30 часот гласале вкупно 23,37%, во Боговиње 17,93%, во Врапчиште 18,23%, во Гостивар 25,05%, во Желино 16,66%, во Кичево 32,95%, во Куманово 39,00%, во Липково 17,24%, Маврово и Ростуша 24,11%, Пласница 14,20%, Сарај 20,77%, Струга 29,82%, Студеничани 19,52%, Теарце 24,13%, Тетово 28,36%, Центар Жупа 14,50%, Чаир 29,13%.

Од овие бројки може да се изведе заклучок дека албанските гласачи на првиот круг од Претседателските избори се определија за „тивок бојкот“.