Како што почна така и заврши изборниот ден во четирите општини од крајниот исток на државата. Во Делчево до 18:30 часот во мирна и демократска атмосфера своето право на глас го оствариле 7.416 гласачи, информирапе заменик претседателот на ОИК, Анка Христова.
-Денеска гласањето за Претседателските избори започна точно во 7 часот и се одвиваше во мирна и демократска атмосфера. Од вкупно 14.866 гласачи до 18:30 гласаа 7.416 или 49,88 проценти, рече Христова.
Сања Митревска, претседател на Општинската изборна комисија потврди дека гласањето во Македонска Каменица се одвивало во мирна и демократска атмосфера, со тоа што во оваа општина на Претседателските избори излегле 48,95 проценти од гласачите.
-До 18:30 часот заклучно со последниот пресек во Македонска Каменица гласале 48,95 проценти или 3.240 гласачи од вкупно евидентираните 6.619 гласачи. Проблеми во текот на гласањето не беа забележани, рече Митревска
Најголема излезност за претседателските избори во четирите општини на крајниот исток од државата е забележана во Пехчево. Како што соопшти Горан Котевски од тамошната Општинска изборна комисија до 18:30 гласале 53 проценти од евидентираните гласачи.
-На девет избирачки места до 18:30 часот на Претседателските избори гласаа 2185 лица, односно 53 проценти од вкупно 4.121 гласачи, информираше претседателот на ОИК од Пехчево, Горан Котевски.
Според информацијата на Мишо Догазански од ОИК во Берово таму својот глас за еден од кандидатите на претседателските избори го дале 49,97 проценти од граѓаните кои гласале на изборите.
-Во Берово 5.436 граѓани го оствариле своето право на глас до 18:30 часот. Во Берово во избирачкиот список беа евидентирани 10.983 лица, соопшти Догазански.
И во Берово како и во останатите општини од крајниот источен дел на државата се гласаше во мирна и демократска атмосфера.