Во текот на денешниот изборен ден (21.04.2109), до 19 часот, регистрирани се четири случаи со фотографирање на гласачко ливче.
Во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани,општина Кривогаштани, К.П. (42) од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај. Во 16,05 часот пријавено е дека на Избирачко место број 1969, лоцирано во ЈКП Тетово, .В.П (36) од Тетово, откако гласал го фотографирал гласачкото ливче, а четвртиот случај е во с. Тромеѓа, кумановско, каде на гласачко место број 1080 во 16.49 часот, од страна на Избирачки одбор е побарано интервенција од полициски службеник, поради фотографирано гласачко ливче од М.Д. . М.Д е приведен во полициска станица лицето М.Д е приведен во полициска станица ,изготвен е Записник за констатиран прекршок по чл 190 ст 2 од Изборен Законик.
Во 17.50 часот во с. Добрушево , Новаци на гласачко место 0219 пријавено е дека лицето Т.С(40) во видно алкохолизирана состојба по чинот на гласање , во обид да го стави ливчето во кутијата ја турнал гласачката кутија при што кутијата паднала на земја и се оштетила рачката од едната страна. Избирачкиот одбор едногласно одлучил дека изборниот процес може да продолжи без прекин, бидејќи процениле дека гласачкиот материјал не излегол од гласачката кутија. Лицето е приведено во СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Околу 13 часот, телефонски е пријавено дека лице од село Кучичино, општина Чешиново-Кочани, кој што имал продавница во близина на гласачките места број 0880 и 0881, наводно вршел агитирање во својата продавница, односно делел пакети со продукти и пропаганден материјал. На лице место излезено е од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и утврдено е дека станува збор за лицето С.С (53) од с.Кучичино општина Чешиново-Облешево кој во службениот разговор со инспекторите изјавил дека на три лица со престојувалиште од општина Штип им дал рекламен материјал со еден од кандидатите за претседател. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ќе биде доставено писмено известување до Основното Јавно обвинителство Кочани.
Пријавени се и 11 случаи на агитирање, од кои за осум е веќе утврдено дека се непотврдени, а за три се преземаат мерки за проверка. За евентуалните дополнително пријавени случаи МВР ќе информира во текот на утрешниот ден.