Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во емисијата на Сител телевизија ги откри резултатите според нивниот аналитички центар.
Николоски истакна дека на 85% обработени гласови, Силјановска има освоено 304.045 гласови, Пендаровски 299.629 гласова и Блерим Река 61.710 гласови.
Според Николоски, Силјановска има забележано победа во повеќе од 50 општини низ Македонија.