Најпрво уште еднаш дозволете ми да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“ за отворената врата за некои однадвор како мене, ама на овие гласови јас би сакала да им се заблагодарам и на граѓаните кои биле аполитични, а гласале за мене. На граѓаните кои длабоко се разочарале од власта на СДСМ и коалиционите партнери и гласале за мене. На оние кои за првпат гласале и гласале за мене, истакна кандидатот за Претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова

Зошто ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата значи и на оние кои гласале за господинот Блерим Река и неговите поддржувачи и ако се собере со гласовите кои што јас веќе ги спомнав разликата е повеќе од 75.000 гласови.

За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим, во кој отсуствува владеењето на правото, систем потонат во корупција, криминал и непотизам тоа е најважно, додаде Силјановска.