Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва се обрати на прес-конференција, на која прогласи победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски.
Според податоците на аналитичкиот центар на СДСМ што ги соопшти Заев, од 98, 27% обработени гласови, Стево Пендаровски освоил 321.201 глас, 316.872 гласа освоила Гордана Силјановска Давкова и 79169 гласа Блерим Река.
Тоа се преку 4300 гласови предност, победа на Стево Пендаровски, рече Заев.
Заев рече дека изборите поминале во фер атмосфера, а очекува победа во вториот круг.