Пратеникот во Собранието на Македонија и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири по изборите на својот фесјбук профил напиша дека е време некои функционери во СДСМ да си понесат одговорност.

„Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!! Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ! – напиша потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири по денешниот изборен ден на кој кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски помина далеку полошо од очекувањето.