Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во првиот круг за избор на Претседател на Македонија.
Според податоците на обработени 99,8 проценти, кандидатот поддржан од СДСМ и ДУИ освоил 323.829 гласа, Гордана Силјановска 319.224 додека Блерим Река освоил 79.914.
Недостасуваат уште неколку избирачки места, но според податоците се работи за нешто помалку од 1.000 гласа.