Кандидатот за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил му го честиташе изборниот резултат на Блерим Река истакнувајќи дека за неа било чест да учествува во изборите заедно со него.
- Искрено жалам што не влезе во вториот круг
Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река.
Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата.
Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг, напиша Силјановска.