Резултатите од испитувањето на јавното мислење за првиот круг од претседателските избори на агенцијата „Маркет вижн" беа најблиску до она што е објавено како конечни резултати на Државната изборна комисија.

Анкетата на оваа агенција покажа дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова е во предност од 0,6 отсто од анкетираните граѓани.

Другите анкети даваа предност за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, од 2,5 до 5,7 проценти.

Според официјалните податоци на ДИК, Пендаровски е во предност од 0,62 % од гласовите.

„Маркет вижн“ најточно ја предвиде и излезноста. Според нивната анкета голем процент од анкетираните 28,7 % се изјасниле дека се уште не знаат за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат, а 26,3 % одговориле дека нема да гласаат или дека не знаат дали ќе гласаат.

На претседателските избори од запишаните 1.808.131 гласач, своето право го оствариле 755.816, односно излезеноста беше 41,85 отсто, информираше Државната изборна комисија.

Сите други агенции предвидоа дека излезноста ќе биде многу поголема