Општина Кичево им соопшти на правните и физичките лица во општината дека организира консултации за Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти и Планот за управување со културното наследство.
Консултациите со јавноста ќе се одржат на 5 мај со почеток во 11.00 часот, во просториите на Советот на Општина Кичево.
Плановите се подготвени согласно насоките и упатствата на Светска банка како и Законот за животна средина. Плановите за управување со животната средина и социјалните аспекти и Планот за управување со културното наследство, како и подпроектот за ревитализација на Китино Кале , во скратена верзија, ќе бидат ставени на веб страна на Општина Кичево во периодот до 9 мај, а истите можат да се разгледаат и во просториите на Општина Кичево секој работен ден.
Општина Кичево ја информира јавноста дека во текот на јавниот увид може да доставуваат мислења по електронски пат, по пошта или преку архивата на општината, соопшти Секторот за односи со јавноста на Општина Кичево.рз/сд/