Апликацијата на средношколците од Валандово за создавање вертикална градина за одгледување на цвеќиња и други видови растенија,е избрана за една од петте најиновативни во рамки на програмата подржана од УНИЦЕФ чија основна цел е преку решавање социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развиваат нови вештини.
Идејата на гимназијалците од Валандово во себе опфаќа создавање вертикална градина за одгледување цвеќиња и други соодветни растенија со поголем капацитет за прочистување на воздухот во училишните простории.
За имплементирање на нивната идеја одобрена е финансиска подршка од 120.000 денари со кои училиштето вети дека ќе развие еден целосно нов производ создаден на ожиновативен начин.