Со активностите за собирање кабаст отпад и електронска опрема што во текот на овој месец Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ ги спроведе на својата територија собрани се 30 тони отпад.

– Локалната самоуправа во рамки на истата акција во сите месни и урбани заедници спроведе активности за расчистување на сметот на јавните површини, за средување на парковите и омилените игралишта на најмладите, а извршено е и кастрење на сувите гранки на дрвјата и грмушките, соопштија од Општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода продолжува со редовни активности за одржување на чистотата на својата територија. Општината апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените контејнери и корпи за отпадоци, како би придонеле за зачувување на животната средина.